Фото: Shl.dk

Новозеландскиот град Крајстчрч, којшто пред неколку години беше погоден од повеќе силни земјотреси, доби библиотека што во целост е отпорна на оваа природна непогода.

Архитектонското студио Schmidt Hammer Lassen Architects од Данска создаде градска библиотека којашто е отпорна на силни земјотреси. Тие направија комбинација од масивни бетонски ѕидови и челични кабли што овозможуваат во текот на потресот, ѕидовите да се занишаат и да се вратат во првобитната положба.

Секој од ѕидовите на библиотеката е поврзан за темелите со сајли со силина од 1.000 тони. Овој механизам овозможува објектот да има минимална штета во случај да биде погоден од разорен земјотрес.

Оваа библиотека, што го носи името Turanga, е една од деветте клучни проекти што се дел од планот за ревитализација на градот што е препознатлив по култура, уметност и природни убавини.