lot-of-moneyФото: Pexels

Турција е држава во која живеат над 126.969 милионери, а само лани бројот на турски државјани кои имале барам по еден милион лири на нивните банкарски сметки се зголемил за 18.105 лица, пренесува Hurriyetdailynews

Милионерите, во просек, имале по 6,6 милиони на нивните сметки. Половина од парите ги чувале во домашна валута, половина им биле префрлени на некоја странска сметка, а дел од нив ги шетеделе како депозити од благородни метали.

Податоците покажуваат дека за 71% се зголемил и бројот на оние лица кои не се државјани на Турција, но сепак одлучиле да ги чуваат парите во некоја од турските банки.