Фото: Pexels

Извозот на накит во првите три месеци од оваа година достигна ниво од 825 милиони долари, информира Асоцијацијата на извозници на накит на Турција, пренесува агенцијата Анадолија.

Земји каде што најмногу се извезува турскиот накит се: Обединетите Арапски Емирати, САД, Хонг Конг, Либија, Израел и Германија.

“Секторот за изработка на накит, којшто во 2018 година реализираше извоз од 4,4 милијарди долари, е стратешки сектор за земјата“, изјави Мустафа Камар, шеф на асоцијацијата.

Минатата година извозот на накит забележа пораст од 35% во однос на 2017 година.