Турскиот кредитор Halkbank ќе додаде нова филијала во својата мрежа на банки во Србија, каде веќе е широко распространет, пишува Hurriyet.

Отворањето ќе се случи на 29 овој месец, а станува збор за првата дигитална филијала за чиешто седиште е одбран Белград.

Halkbank е присутен во Србија од октомври 2015 година. Новата дигитална филијала ќе биде 33 по ред во земјата, а бројот на вработени ќе се зголеми на 500.

Таа е една од најголемите банки во Турција и државен заемодавач. Halkbank откупи 76,76% од акциите на српската Чачанска банка во мај 2015 година.

Банката, исто така, ќе обезбеди и кредитни картички и POS-машини во декември за своите српски клиенти, како и за бизнисмените од други земји кои работат во Србија.

Фото: Facebook