Тутунски комбинат од Прилеп, во периодот јануари – септември оваа година, прикажа загуба во висина од 232.241.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Загубата на компанијата, како што информираат оттаму, се должи на спроведената програма за доброволно пензионирање на вработените.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата евидентираше загуба од 3.650.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти септември оваа година беа на ниво од 889.806.000 денари. На домашен пазар од тој износ се остварени 117.529.000 денари, додека поголемиот дел од 772.277.000 денари е реализиран на пазари во странство.