Такси компанијата Uber воведува можност за претплата во пет американски градови. Преку членството Ride Pass, на патниците им се овозможува да го избегнат зголемувањето на цените што се менуваат во зависност од времето кога има најголема побарувачка за такса услуги, пишува BBC.

Фиксната претплата за патниците низ Лос Анџелес ќе чини 24,99 долари и 14,99 долари за патниците од градовите Остин, Денвер, Мајами и Орландо.

Uber  планира да ја прошири услугата и во други американски градови во текот на следната година.