Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2019 година, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Просечната плата по работник во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, објавени во јануари оваа година, изнесува 36.017 денари.

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2019 година изнесува 18.008 денари (50% од 36.017 денари).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на Управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 576.272 денари (16 x 36.017 денари).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за самовработено лице изнесува 432.204 денари (12 x 36.017 денари).