Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници број 05/2018 за долгови доспеани до 31.01.2017 и неплатени до 30.04.2018 година. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Долговите на објавени должници физички лица и самостојни извршители е повисок од 120.000 денари, а објавените долгови на правните лица се повисоки од 300.000 денари.