Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави првата листа на должници за оваа година. На листата се најдоа физички и правни лица чии долгови се доспеани до 30.09.2018 и неплатени до 31.12.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лице и самостојните вршители на дејност имаат долгови што надминуваат 120.000 денари, додека кај правните лица долгот е повисок од 300.000 денари.