Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави третата листа на должници за долгови доспеани до 30.11.2018 и неплатени до 28.02.2019 година.

На оваа листа се објавени 1.989 должници – правни лица (помалку за 207 од претходната листа) и 2.306 физички лица (помалку за 121 од претходната листа). Вкупниот нето долг изнесува 9.914.117.111 денари, помалку за 44.135.290 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.772.877.861 денари (помалку за 156.148.848 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.239.250 денари (повеќе за 112.013.558 денари од претходната листа).

Долговите се по сонов на ДДВ, данок на добивка , персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица кои се најдоа на оваа листа имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица надминува 300.000 денари.