Управата за јавни приходи ја објави новата Листа на должници бр.07/2018 за долгови доспеани до 31.03.2018 и неплатени до 30.06.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупниот износ на долгот за физичките лица и самостојни вршители на дејност е повисок од 120.000 денари, додека долгот за правните лица е повисок од 300.000 денари.

На Листата објавени се 2.069 должници – правни лица (помалку за 4 од претходната листа) и 1.812 физички лица (помалку за 230 од претходната листа).Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.132.968.022 денари.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.997.929.978 денари, додека долгот за царински давачки е 135.038.044 денари.