Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр.10/2018 за долгови доспеани до 31.06.2018 и неплатени до 31.09.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупниот износ на долгот за физичките лица и самостојни вршители на дејност е повисок од 120.000 денари, додека долгот за правните лица е повисок од 300.000 денари.

На листата објавени се 2.043 должници – правни лица и 2.062 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 9.757.688.639 денари. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.728.920.195 денари, додека долгот за царински давачки е 28.768.444 денари.