ujp

Даночната академија на Управата за јавни приходи (УЈП), во период од 10-ти до 30-ти јануари, оваа година, организира еднодневна обука за пријавување, оданочување на приходи од продажба на сопствени земјоделски производи.

Физичките лица, кои се заинтересирани за овие обуки, може да се најават најдоцна два дена пред почетокот на обуката. Овие обуки, како што се наведува, се без финансиски надоместок.