Универзална инвестициона банка (Уни Банка) донесе предлог одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда (прва емисија на перпетуални обврзници).

“Се предлага издавање на капитален инструмент – перпетуални обврзници по пат на приватна понуда во износ од пет милиони евра“, стои во предлог одлуката.

Овие обврзници, како што стои во предлог одлуката, ќе се користат за зголемување на капиталот на банката, а ќе бидат издадени по пат на приватна понуда.

Според предлог одлуката, ќе бидат издадени 5.000 обврзници со вредност од 1.000 евра.

Обврзниците имаат фиксна каматна стапка од 9% на годишно ниво за првите пет години од датумот на издавање до 2023 година. Каматната стапка после тој период, односно почнувајќи од 2024 година се зголемува за два процентни поени и изнесува 11% на годишно ниво.