Денеска во Скопје се одржа состанок за координирање и вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија. Состанокот беше организиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Министерството за труд и социјална политика, а присутни беа и други владини агенции, организации и донаторски проекти кои работат на ова поле.

Како дел од главните точки на состанокот, организациите за поддршка на бизнисите ги презентираа своите активности кои ги превземаат или планираат да ги превземат во полето на развој на работна сила. Како грантисти на Проектот, бизнис асоцијациите и кластерите образложија кои активности планираат да ги превземат со цел да имаат поквалификуван кадар во секторите во кои оперираат, додека пак владините агенции и другите донаторски проекти ги презентираат своите програми за развој на вештини. Преку образложување на активностите кои ќе се превземаат во ова поле, сите актери ќе ги координираат своите напори со цел да ги максимизираат резултатите и да обезбедат меѓусебна долгорочна соработка во нивното работење.

Ова ќе биде прв од серија на координативни работни средби на тема развој на работна сила преку кој чинителите во полето ќе соработуваат со цел ефикасно делување врз решавањето на проблемите со ниската вработеност во Македонија.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе ја зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку подобрување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски за да поттикне значителен пораст на продуктивноста и вработувањата во ММСП. Проектот има три општи заемно поврзани цели: Подобрување на деловните услуги, Подобрување на пристапот до финансии за ММСП, и Поттикнување на инвестиции од приватниот сектор за локален економски развој.