Фото: Kickstarter

USB93 е USB кабел што не се крши, компактибилен е со микро USB влез, со USB C и Apple уреди, a се ротира за 90 степени и се врти на три страни.

Kабелот е долг еден метар, поддржува брзо полнење и е единствениот кабел во светот којшто има метален конектор.

Флексибилниот USB93 му дозволува на корисникот да го постави кабелот било каде, во било каква позиција. Моментално е достапен во 6 бои и тоа: сиво-бела, црна, црвена, розова и светло портокалова.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Ванкувер, Канада и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 16.541 долари од потребните 764 долари, а кампањата трае уште 18 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.