Компанијата Македонија-Експорт е единствен застапник од Македонија за тридневниот “all inclusive“ Executive Sales Adria Summit (ESAS) 2019 којшто ќе се оддржи по трети пат од 16-18-ти октомври 2019 година во Hotel Parentium, во Пореч, Хрватска.

Заинтересираните можат да се пријават за Супер рано учество (Super Early Bird) до 30.04.2019 година, а износот 599 евра + ДДВ (повеќе од 35% на регуларниот износ од 939 евра + ДДВ).

Преку уникатниот пристап на Executive Sales Adria Summit 2019 ќе добиете:

  • Тридневен Самит за продажба којшто преку модерни, интензивни и проактивни предавања и работилници ќе ви помогне да ги унапредите вашите вештини за продажба.
  • Единствена можност за вмрежување со повеќе од 250 професионалци од областа на менаџментот и продажбата.
  • Предавања на повеќе од 15 врвни експерти од регионот и пошироко и добивање увид во најновите трендови за продажба во светот.
  • Многубројни продажни приказни од успешни професионалци кои преку практични примери и искуства ќе зборуваат за нивните грешки и како да се избегнат.
  • Сеопфатно “вооружување“ како со совети и трикови за подобра продажба, така и со техники за развој на вештини за градење на самодоверба во областите на стратегија за продажба, унапредување на продажбата и јавен настап.

До сега на Самитот присуствувале повеќе од 500 учесници од цел регион, а дел од компаниите кои учествувале се: Atlantic Group, Kras, Podravka, Erste Bank, Hrvatska Postanska Banka, Lemax, Natron Hayat, Infobip, Sarajevska Pivara, Neuroth, Lipik Glass, Carwizz, Jaguar Cars,Range Rover, eMakina и многу други.

Повеќе информации околу Самитот можете да прочитате ТУКА, или пак, јавете се на 02 31 21 907.