Овој викенд, од 19ти до 21ви октомври ќе се одржи Стартап Викенд, најголемиот настан за стартапи во Скопје, во просториите на CEED HUB. На овој настан ќе имаат можност сите кои имаат идеја да дојдат и истата сакаат да ја реализираат.  Oвој настан претставува уште поголема можност за сите кои се мотивирани и сакаат да креираат нови бизнис решенија.

Startup Weekend powered by Google for entrepreneurs претставува настан во светски рамки, со повеќе од  2.900 организирани настани во повеќе од 660 градови над 150 држави. На Startup Weekend досега присуствувале  193.000 учесници поделени во над 20.000 тимови.

Настанот ќе започне со презентирање на идеите кои ги имаат учесниците, потоа сите учесници гласаат за тие идеи што се сметаат дека се најизводливи и дека нудат вистинско решение на вистински проблем. Потоа се формираат тимовите кои ќе работат заедно во текот на целиот настан и ќе имаат менторска поддршка при развивање на нивните концепт-решенија. Последниот ден, сите тимови ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири, кое ќе ги прогласи победниците.

На Startup Weekend учесниците ќе имаат можност да бидат обучени од експерти од различни полиња. Освен запознавање и работа со експерти, дополнително ќе имаат можност да освојат награди кои ќе им овозможат понатамошно разивање на нивната бизнис идеја. Твоето место за Startup Weekend можеш да го обезбедиш тука.

Techstars Startup Weekend Skopje e поддржан од: Solveo, CEED HUB, Best Way Investment, Swiss Agency for Development and Cooperation SDC, Backyard, Swiss Contact, Пивара Скопје, Kантина Lounge Bar, Nescafe, SPARKASSE BANK, Boulevard Bar&Kitchen, LADNA, UNDP, Twins Sandwiches, Фонд за иновации и технолошки развој, СЕМОС Едукација, Маrkt, Vitalia Health Food, Brainster, Code Academy, МК Host.