Фото: Facebook

Valentino е компанија за облека основана во 1960 година од Валентино Гаравани. Таа е дел од Valentino Fashion Group , која е во сопственост на државата Катар преку Mayhoola for Investments S.P.C. Од октомври 2008 година, креативен директор на оваа модна куќа е Пјер Паоло Пичооли. Valentino е со седиште во Милано, додека креативната насока е во Рим.

Фото: Facebook

Историја

Valentino е основана во 1960 година, кога Гаравани отвори модна куќа на Виа Кондотти во Рим, Италија со поддршка на неговиот татко и соработникот на неговиот татко, Џанкарло Џаметти.

Валентино брзо станал познат по неговата високата мода и гламурозните црвени фустани, привлекувајќи го вниманието на жените ширум светот, особено на Џеки Кенеди, со којa станале и блиски пријатели. Валентино дизајнирал свадбени фустани за светски ,,ѕвезди” како што се Елизабет Тејлор, Ен Хатавеј, Кортни Кокс, Софи Хантер, Џенифер Лопез и принцезата Медлин од Шведска.

По  40 годишната кариера со која го освои модниот свет, Гаравини објави дека се пензионира. Неговота последна ревија беше претставена за време на модната недела во сезоната пролет/лето 20008 во Париз, и имаше цела низа супермодели, меѓу кои и Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер и Ева Херцигова.

Стефано Саши е главен извршен директор на Valentino од декември 2006 година. Во септември 2007 година, Валентино Гаравани и Џанкарло Џамети го напуштаат брендот, а во 2008 година Стефано Саши ги назначува Марија Грација Чиури и Пирпаоло Пичоли како креативни директори.

Марката достигна приходи од една милијарда долари на крајот на 2015 година.

Фото: Facebook

Академија Валентино

Во 1990 била отворена и Академијата Валентино, дизајнирана од архитектот Томазо Цифер. Оваа Академија е лоцирана во близина на ателјето на Валентино во Рим, за презентација на уметнички изложби. Следната година, поттикнати од нивната пријателка Елизабет Тејлор, Валентино Гаравани и Џанкарло Џамметти, создале Л.И.Ф.Е., здружение за поддршка на пациентите поврзани со СИДА, кое е финансирано од активностите на Академијата Валентино.

Фото: Facebook

ОД HdP group до Marzotto group

Во 1998 година Валентино и неговиот партнер Џанкарло Џаметти ја продаваат компанијата за околу 300 милиони американски долари на ХДП, италијански конгломерат кој делумно го контролира покојниот Џани Ањели, директорот на “Фиат”. Во 2002 година, Valentino, со приходи од повеќе од 180 милиони долари, беше продаден од HDP на Marzotto Apparel, текстилен гигант од Милано, за 210 милиони долари. Од 2012 година Maison Valentino е контролирана од страна на Mayhoola for Investments S.P.C., холдинг-компанија одржувана од група приватни инвеститори од Катар. Таа е присутна во повеќе од 90 земји, има 160 официјални бутици и над 1300 продажни места.

Фото: Facebook

Каде е брендот денес?

Брендот постојано има нови колекции и ги следи светските модни трендови. Со секоја нова колекција, руши бариери и правила, ги остава модните критичари без здив и го зацврстува своето место на врвот на модата, кое одамна го освои. Valentino моментално вреди над милјарда долари.