Фото: Youtube

Vanmoof e велосипед што може да го оставите отклучен, а тој доколку некој проба да го украде, почнува да свети и да испушта звуци. Исто така му “кажува” на крадецот дека краде и дека крадењето не е добро, пренесува Designboom.

Компанијата нуди 2 модели, еден поедноставен -S2 и еден со повеќе карактеристики X2. На X2 моделот има и вградена футуристичка кошница на предниот дел на велосипедот.

Максималната брзина која ја достигнуваат велосипедите е 32 км на час.

Сепак, она што останува најинтересно и највпечатливо е одбранбениот механизам од крадци којшто го препознава сопственикот и не реагира на него со ваков одбранбен метод.