Фото: nat-2™ 

Германскиот производител на луксузни патики nat-2™ креираше модел изработен од рециклирано кафе. Според компанијата, патиките се 100% “вегански“, можат да ги носат и мажи и жени, а изработени се од вистинско кафе и листови од растението. Тие покриваат 50% од површината на чевелот во зависност од моделот. Патиките се меки и ја имаат природната арома на кафето.

Патентираниот материјал е развиен во Германија, додека патиките се рачно изработени во Италија во фамилијарна фирма каде што се применува висока технологија.

Моделите коишто ги има под и над глуждот, имаат мека, антибактериска влошка од вистинска плута. Користениот лепак не содржи животински елементи. Ѓонот е изработен од вистинска гума и на горниот дел има оригинален потпис на компанијата од рефлектирачко стакло што обезбедува поголема видливост.

Деловите коишто изгледаат како превртена кожа или велур се направени од PET шишиња.