Фото: Pixabay

Verily, чијашто матична компанија е Alphabet, е во потрага по потенцијален партнер за развој на чевли со сензори што следат движење и тежина кај корисникот, пишува CNBC.

Освен тоа, чевлите би превенирале пад, што е од особено значење кај постари лица.

Предвидено е сензорите да алармираат, на пример, доколку корисникот за кратко време ја зголеми телесната тежина. Тоа значи дека организмот задржува течности, а можната причина би била лоша работа на срцето.

Verily претходно се нарекуваше Google Life Sciences, но 2015 година се оддели од технолошкиот гигант. Компанијата вработува десетици инженери, научници и здравствени експерти, а многу од нив претходно работеле во Google.