Голема летна распродажба со попусти до 80% ќе почне задутре (среда, 8 август) и ќе трае до 12 август во Веро центар во Скопје . Посетителите на трговскиот центар ќе може да купат голем број производи по намалени цени, а во сабота (11 август) во 12 часот ќе се одржи и концерт за најмладите на кој ќе настапи хорот на детскиот фестивал Поточиња.

Следејќи ги потребите на потрошувачите, менаџерскиот тим на Веро центар одлучи летните денови да ги “освежи“ со екстремно ниски цени во трговскиот центар. Само дел од продавниците каде што ќе може да се пазари со попуст се: Спорт М, Анхоч, Топ шоп, Васидора, Дуки Дасо, Сара фешн, дрогеријата ДМ, маркетот Веро, продавниците во одделот за храна и други.

Во трговскиот центар досега се имаат одржувано низа на случувања на различни теми како што се Чоколенд, Чиз ленд како и голем број на ненадејни концерти и настани. Овој пат летото ќе биде одбележано со распродажбата со неверојатни попусти и до 80%, а се планираат уште многу изненадувања за посетителите во периодот што следува.