Фото: Facebook

Апликацијата за испраќање инстант пораки, Viber најави сосема нова верзија, којашто има за цел да го подобри корисничкото искуство и да го забрза процесот на испраќање и примање пораки, пишува Digital trends.

Дизајнот на Viber 10 е сосема поразличен од досегашната верзија и изгледа многу посовремено. Според Viber, фокусот е ставен на едноставна навигација, едноставен пристап до содржините и напреден екран за повици.

Viber 10 ќе биде достапен за преземање преку App Store и Google play store.