Телекомуникацискиот оператор Вип ја започнува празничната новогодишна еуфорија и ја најавува новата промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2019 година со неограничена комуникација, нови смарт телефони и ТВ уреди по најповолни цени, стои во соопштението.

Со новогодишната промоција, сите корисници кои ќе ја изберат постпејд тарифатаво мобилната телефонија,  Vip Neo M добиваат зголемен 4G интернет од 15 GB, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и можност да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена. Сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат Samsung Galaxy Ј6 2018 и тоа со месечна рата од 209 денари или Honor 7Sза нула денари.

Вип подготви изненадување и за корисниците на Вип Комбо. Со избор на Vip Combo Neo 4M, корисниците имаат уникатната можност да добијат Full HD ТВ уредза нула денари – TESLA 49S317BFсо екран 49”. Покрај ова корисниците добиваат два ТВ – приклучока, до 130 ТВ канал и (до 20HD), неограничен интернет, бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон фиксни мрежи и две Vip Neo M мобилни линии, секоја со 15GB мобилен интернет.

“Празниците се за големи желби. Оваа година со цел да придонесеме за уште поопуштена празнична атмосфера креиравме понуда која на сите корисници ќе им донесе безгрижна и неограничена комуникација и можност да добијат атрактивни смартфони по најповолни цени. Како компанија којашто нуди конвергентни услуги ја збогатуваме понудата со која корисниците можат да ги комбинираат мобилните и фиксните услуги и покрај неограничената комуникација и ТВ содржини ја добиваат можноста да добијат ТВ уред за нула денари. Убедени сме дека оваа најнова промоција на Вип ќе придонесе за многу забава во семејствата на корисниците и сето тоа по најповолни услови за нивните домашни буџети“, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Вип.