Виталиа донираше 1 тон од своите производи  за настраданите во големите пожари кои ја погодија соседна Грција.

Со цел обезбедување ефикасна помош за загрозеното население кое се соочува со нефункционални и руинирани домови, Виталиа од својата палета донираше мусли и житни барови со висока нутритивна  вредност кои се практични за консумирање и складирање.

Донацијата  за настраданите ќе биде реализирана преку застапниците на Виталиа во Грција.

Виталиа ги поканува и останатите македонски компании да ја поддржат хумaноста на дело.

Како општествено одговорна компанија која редовно практикува донирање на храна, Виталиа и понатаму останува посветена и подготвена за поддршка на најзагрозените категории на граѓани.