Од 1 мај 2018-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа по Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-ColaHBC во Роман, пренесува МИА.

На позицијата генерален директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер доаѓа од Украина каде во изминатите пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.

Својата кариера во Coca-Cola системот, Косијер ја започнува пред повеќе од 16 години во Србија, поминувајќи ги сите скалила во комецијалниот сектор и учествувајќи во реализацијата на голем број проекти