Од денеска па до 15-ти мај во сите продавници во Скопје Сити Мол коишто во продажниот асортиман имаат мебел и додатоци за домот, започнува акција со неверојатни понуди. Акцијата наречена HOME, ќе трае цел месец и ќе понуди мебел, теписи, постелнини, најразлични украси, садови за домаќинство и други производи за домот, со докажан квалитет и од познати и реномирани производители, а по многу пристапни цени.

HOME продажната кампања е иницирана од Скопје Сити Мол којшто со своите капацитети им излегува пресрет на потребите напотрошувачите со понуда на мебел и додатоци за домот со примамливи услови.

“Со организирање на оваа акција се исполнува една голема празнина што се почувствува на пазарот со отсуство на соодветен саем за мебел. Затоа, заедно со нашите закупци кои се застапници за познати и реномирани брендови од сегментот за уредување на домот и дизајн на ентериери, се здруживме со цел да ја создадеме HOME кампањата со којашто во текот на целиот месец, локали учесници кои продаваат мебел и додатоци за домот на посетителите ќе им понудат широк асортиман на производи со промотивни услови. Веруваме дека со организирање на оваа акција ќе одговориме на потребите на потрошувачите кои толку многу ги очекуваат саемските промоции на овие елементи за домот, а успешноста на акцијата ќе помогне HOME кампањата да прерасне во редовен годишен настан“, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот.

Во Скопје Сити Мол се лоцирани продажни салони на неколку интернационални брендови што се истакнуваат со автентичност во дизајнот, високиот квалитет и богатиот и широк асортиман на производи кој што ги задоволуваат сите потреби на домаќинствата. Учесници во кампањата се брендовите: Coin Casa, Ecotip, JYSK, Kares, Ramstore, Galerija, ICS Group, NEFA, Top Shop, TAC и Lusso.

Во овие локали ќе може да се најдат производи наменети за кујна, спална соба, бања, градина и домот во целина, со интересен и софистициран стил и дизајн. Тие нудат уникатни и квалитетни парчиња мебел, кревети, трпезариски маси, столици, најразлични полици, елементи за уредување на бањи, градини, но и постелнини, уникатни садови за домаќинство, најразлични украси, мали додатоци за домот…

За потребите на кампањата изработен е посебен ексклузивен каталог кој можете да го погледнете на линкот.