Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација –Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен), ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15.10.2018 година, заклучно со 03.11.2018 година.

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

Раководствата на ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје и во иднина ќе водат грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти што ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје.