qldexnwov1ag372uog52

Фото:  IndieGoGo

Volterman е паметен паричник со вградена батерија за полнење на мобилниот телефон, аларм, GPS, камера за заштита од крадци и Wi-Fi мрежа.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Њуарк (Њу Џерси). Мултифункционалниот паричник со елегантен изглед тежи само 100 грама и чини 165 долари.

Вградената батерија го полни телефонот преку кабел или бежично, додека корисникот е во движење.

Камерата освен што снима по желба на корисникот, го штити и паричникот доколку е украден со тоа што го слика крадецот и потоа ги испраќа фотографиите на смартфон.

Тимот којшто го креираше Volterman, планира до 2027 да направи опција преку паричникот да може да се полни и електричен автомобил.

Производот имаше своја успешна кампања на IndieGoGo, преку која собра речиси два милиони долари, а првата испорака на производот беше направена во март годинава.