Фото: Facebook

Warner Bros. не е непознато име особено за љубителите на филмската уметност. Оваа американска компанија е препознатлива по производство на филмови, музика и забавни програми.

Зад формирање на оваа компанија, чие седиште е во Калифорнија, стојат браќата Алберт, Сем, Хари и Џек. Темелите на компанијата датираат уште од 1903 година, но под името Warner Bros. функционира од 1923 година. Три години подоцна успеваат да создадат филм со синхронизирани звуци, со што ја отвораат ерата на филмската индустрија во светот.

Во текот на 30-тите години од минатиот век, студиото било препознатливо по нивните гангстерски филмови, додека со продукција на цртани филмови започнаа во 1944 година.

Денес, Warner Bros. е дел од групацијата Time Warner и има продуцирано околу 75.000 часови програма. Досега во портфолиото на компанијата има 7.000 филмови и 5.000 телевизиски програми. Само во САД, компанијата вработува околу 10.000 лица.

Фото: Pixabay

Секоја година, компанијата продуцира од 18 до 22 филма, а исто така и ги задржува правата за нивна дистрибуција во светот. Warner Bros. има канцеларии во над 30 земји, а филмовите се прикажуваат во повеќе од 120 земји во светот.

Меѓу најпознатите филмски остварувања на оваа компанија се: Хари Потер, Господарот на прстените, Темниот витез, Хобит, Матрикс, Последниот самурај, Сексот и градот, Зелената милја, Глупавиот и поглупавиот…

Warner Bros. е препознатлива по општествената одговорност, бидејќи поддржува и финансира најразлични проекти за доброто на заедницата.