WeGrow е нетипично основно училиште каде децата, освен традионални предмети, учат и нешто поразлично и несекојдневно. Тука се изучува земјоделие, се практикува јога, се охрабрува креативност и создавање, пишува Archinect.

На интересен начин децата се поттикнуваат да ја сакаат и ценат животната средина и се оставаат сами да ги одберат своите активности.
Училиштето се наоѓа во Њујорк, а е дел од  WeWork, компанија што нуди мрежа од креативни работни канцеларии каде луѓето можат да се дружат и разменуваат искуства додека работат.

Во WeGrow учат деца од три до девет години, а се обрнува големо внимание на “свесноста“ за опкружувањето, односно децата учат преку практични активности и во природа.

Училиштето има четири училници, прилагодливи работни простории, заеднички простор, повеќенаменско студио, музичка соба и слични тематски соби што поттикнуваат интерактивно учење, соработка и креативност.

Фото: WeGrow