vesti

Фото: Pexels

Ко – основачот на Википедија, Џими Велс ќе отвори новинска страна чијашто цел е да се “бори“ со лажните вести. Во Wikitribune ќе работат професионални новинари и волонтери кои ќе продуцираат проверени и неутрални глобални стории, пишува Independent.

Wikitribune ќе биде бесплатен за употреба, но исто така ќе прифаќа донации од месечните поддржувачи кои ќе можат да предлагаат теми. На сајтот ќе бидат објавени целосни транскрипти од интервјуата како дел од плановите за транспарентност.

“Wikitribune се вести од луѓето и за луѓето. Ова ќе биде прв пат професионални новинари и граѓани да работат заедно и еднакво, пишувајќи ги приказните како што се случуваат, поставувајќи ги во реално време како што се развиваат, а цело време ќе бидат поддржани од заедница која ќе ги проверува сите факти“, вели Велс.

Истакнати интернет новински извори како Google и социјалните медиуми како Facebook беа жестоко критикувани изминативе месеци поради ширење на лажни вести на нивните платформи.