Во градот Хуалиан, Источен Тајван се наоѓа Wow Hostel, хостел за млади којшто е речиси целосно направен од рециклирани материјали. Градбата е дело на дизајнерот Ченг Веи Чианг од PL Interior Design, а се протега на девет нивоа.

За изградбата се користени бетон, камен, дрво, зеленило и рекултивиан материјал како стари рамки за прозорци и трупци од дрво. На долниот кат се наоѓа кафетерија и простор за релаксација и читање, а кон вториот кат води голем вертикален “жив“ ѕид, пишува Inhabitat.

Еден од катовите има отворена тераса кон која води врата од рециклиран преносен контејнер.Wow Hostel нуди повеќе опции за преспивање, од соби за осум лица до приватни апартмани.

Останатите катови се состојат од приватни соби и заеднички простории, а оние што престојуваат или само поминуваат во хостелот можат да остават свое “креативно“ дело или да нацртаат нешто.

Фото Wow Hostel