Фото: Microsoft

Microsoft ја претстави Xbox адаптивната конзола којшто овозможува “светот на игрите“ да биде лесно достапен за луѓето со посебни потреби, пренесува DesignBoom.

Конзолата има две големи програмабилни копчиња и 19 приклучоци коишто можат да се поврзат со низа џојстици, копчиња и прекинувачи за да им олеснат на поширок спектар на луѓе да играат игри на Xbox One и Windows 10 компјутерите.

Фокусот е ставен на поврзување и прилагодливост, при што самите играчи можат да си направат подесување кое ќе функционира за нивните способности и потреби.

Уредот ќе се продава за 99 долари, а во продажба ќе се пушти, подоцна оваа година.