Пред стартот на грејната сезона, се поголем е интересот кај правните лица и домаќинствата во Скопје за бесплатно приклучување кон системот за централно греење. Од почетокот на акцијата, во август годинава, до денешен ден,пристигнати се вкупно 270 барања за приклучок. Споредено со истиот период минатата година, интересот за приклучување кон системот за централно греење е зголемен за над 50 %.

Трендот за повторно приклучување се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите,за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди. Како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрена. Повеќегодишното подобрување на квалитетот на услугата и намалувањето на цената, која во периодот од 2013-та до 2018-та година вкупно се намали од 33% до 66%, во зависност од категоријата на потрошувачи, очекувано го зголеми интересот кај потрошувачите за приклучување.

Потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата “Мој Сервис“. Стручните екипи на “Мој Сервис“ досега направиле преку 4.000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања консистемот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција навертикалната инсталација во зградите , интервенција во ормарче, прочистување и увид во внатрешната инсталација итн.

Акцијата за бесплатен приклучок трае до 15-ти септември 2018 година. Од 16-тидо 30-ти септември корисниците ќе плаќаат 50% од предвидените трошоци за оваа услуга, а од 1-ви октомври приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.