Фото: Pixabay

За Стопанска банка Битола првиот квартал од оваа година заврши со загуба од 25.746.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката евидентираше добивка од 8.000.000 денари.

Нето приходите од камати за периодот 01.01 – 31.03 2019 година, според Образложението кон остварениот финансиски резултат, изнесуваат 75,10 милиони денари, што е остварување на планот за првиот квартал со 94,63%.

Нето приходите од провизии и надоместоци во првиот квартал од оваа година изнесуваат 24,47 милиони денари и се пониски за 22,51% во однос на истиот период од минатата година.