Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна загуба во висина од 6.936.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2017 година, компанијата прикажа загуба во висина од 1.237.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на септември 2018 година, имаа салдо од 298.742.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар отпаѓаат 272.937.000 денари, додека остатокот од 25.805.000 денари е остварен на пазари во странство.

Вкупните приходи од продажба истиот период лани имаа вредност од 289.539.000 денари.