Технометал Вардар прикажа загуба од 66.598.000 денари, покажуваат податоците од деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари загуба во висина од 191.691.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на септември, имаа вредност од 57.272.000 денари. На домашен пазар, приходите достигнаа 14.663.000 денари, додека поголемиот дел од продажбата во висина од 42.609.000 денари е остварена на пазари во странство.