Изминативе два дена, во Хотел Гарденија, се одржa првата дводневна практична обука “Подготвеност за извоз на компаниите од прехранбена индустрија “ по проектот “Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, спроведуван од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот СФЕРА-НОВА. Целта на обуката е да ја подигне конкурентноста на компаниите преку зајакнување на капацитетите на компаниите за извоз.

Проектот се фокусира на извозот на прехранбено-преработувачката индустрија, подигање на извозниот капацитет и отварање на нови извозни можности. Проектот има за цел да продуцира Бизнис анализи за извозните можности на регионалните пазари за прехранбено-преработувачката индустрија, обуки за извоз на компаниите и за техничката подготвеност, нови вештини и знаења за извоз, интерактивна веб платформа за извоз и мобилна апликација, демо мали проекти за извоз на селектирани производи од прехранбено-преработувачката индустрија.

Проектот има иновативен пристап и ќе ја зајакне поддршката при извоз на конкретни производи, со што ќе овозможи директен бенефит за вклучените компании. Во проектот се предвидени две повеќедневни обуки (основно и напредно ниво) за извоз. Обуките и менторските сесии за градење капацитети и трансфер на
знаење за одржливо унапредување и испорака на извоз, ќе ги зајакнат капацитетите за извоз и знаење на сопствениците на бизниси и на претприемачите.

Предавачите и менторите се искусни практичари и експерти со професионално искуство во теоретското знаење и практични и реални ситуации. За истата цел се подготвува Прирачник за извоз на МСП да служи како документ што ќе ја зајакне одржливоста. Конкретните придобивки би биле директната експертска подршка во дијагостиката и подготовката на извозната процедура и документација, придружни извозни
активности (анализи, нови пазари, контакти со дистрибутивни мрежи и сл.).

Проектот “Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, во следните 24 месеци ќе биде спроведуван од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот за динамичен развој СФЕРА-НОВА.