Фото: Kickstarter

Zen Blanket е ќебе кое тежи само 10% од тежината на човекот и го подобрува спиењето, а ги намалува стресот и анксиозноста. Производот е дело на старт-ап со седиште во Гетебург, Шведска.

Zen Blanket е изработено од материјал којшто “дише”, за разлика од стандардните ќебиња, и благодарение на него се регулира топлината според потребите на корисникот.

Ќебето е направено од 100% природен памук и може да се пере во машина. Доаѓа во три големини со тежина од 7 кг, 9 кг и 11 кг, а креаторите препорачуваат да го изберете она што тежи 10% од вашата тежина.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано, 137.231 илјади долари, од потребните 15.565 долари, а кампањата трае уште 30 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава, а цената за едно ќебе е 250 долари.