Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2018 година е зголемен за 0,1 процентни поени во однос на септември 2018 година и изнесува 20,7, а во однос на октомври 2017 година е зголемен за 2,3 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2018, во однос на септември 2018 година е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на септември 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на октомври 2017 година. Се очекува бројот на вработени да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2018 година изнесува 68,4% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28,6%, недоволната домашна побарувачка со 16,1%, недоволната странска побарувачка со 15,4% и неизвесното економско опкружување со 10,2%.