Фото: Pexels

Прометот во индустријата, во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 24,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%.

Прометот во индустријата, во јануари оваа година, во споредба со декември лани, е зголемен за 1%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 91,4. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 16,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16,6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 65,8.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 111,5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 25,7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,1%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 114,3.