Фото: Pexels

Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,1%, Капитални производи за 27,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.

Прометот во индустријата во септември 2018 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 16,4%, додека во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, порастот е 12,4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 1,4%. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,6%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 17,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2018 година, во однос на август 2018 година, е намален за 1,5%, додека во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, е зголемен за 1,3%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 18,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,5%, Капитални производи за 27,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,2%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2018 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 23,2%, додека во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, порастот е 15,4%.