Фото: Pexels

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2018 година, во споредба со декември 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,2 %, а реално за 9,8 %),
  • Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8,6 %, а реално за 5 %),
  • Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10,8 %, а реално за 8,1 %) и
  • Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 4,8 %, а реално за 5,8 %).