Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во јануари оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2%, Безалкохолни пијалаци за 0,1% и Ноќевања за 0,2%.

Цените на угостителските услуги во јануари 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 2,8%.