Фото: Pixabay

Вкупните девизните резерви на државата заклучно со крајот на минатата година достигнаа ниво од 2.867.130.000 евра или 95,6 милиони евра повеќе во однос на ноември 2018 година, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

На крајот на 2017 година, вкупните државни девизни резерви имаа вредност од 2.336.250.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви отпаѓаат на хартии од вредност, кои заклучно со 31-ви декември 2018 година изнесуваа 2.226.270.000 евра, односно околу шест милиони евра повеќе во однос на претходниот месец.

Валутите и депозитите на крајот на годината се позиционираа на 289.410.000 евра или околу 59 милиони евра повеќе во споредба со ноември 2018 година.

Државното монетарно злато на крајот на годината вредеше 247.900.000 евра, еден месец претходно имаше вредност од 237.450.000 евра, додека на крајот на 2017 година беше на ниво од 239.410.000 евра.