Фото: Pixabay

Трошоците на живот во мај оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, а кај цените на мало порастот е 0,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,7%, лебот за 1,6%, другите прехранбени производи за 1,1%, цигарите за 1%, лебот и житата за 0,9%, месото за 0,6%, брашното и другите жита за 0,5%, замрзнатиот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, алкохолните пијалаци за 0,3% и маслото и маснотиите за 0,2%.

Во мај 2019 година, пораст на трошоците на животот исто така е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 5,5%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, туристичките пакет-аранжмани за 3,7%, обувките за 2,8%, услугите за сместување за 2,5%, гасот за домаќинствата за 0,7%, теписите и другите покривки за под, терапевтските помагала, книгите за 0,5%, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4%, големите електрични апарати за домаќинствата, автомобилите за 0,3%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети неспоменати на друго место за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 4,6%, трбушките за 0,9%, сувото овошје и јаткастите производи за 0,7%, јајцата за 0,4%, другите пекарски производи, замрзнатата риба за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 2,2%, градините, растенијата и цвеќињата за 1,3%, информатичката опрема за 0,7%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ата, филмовите за 0,4%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, другите медицински производи, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,2%.

Трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, бележат пораст од 1,4%, а цените на мало бележат пораст од 1%.