Сите имаме желба и потреба да живееме во мирна средина со нормални параметри за здрав живот во еколошко опкружување, далеку од загаден воздух и константна врева, а сепак во непосредна близина на центарот на Скопје.

Првото издание на Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се! дава значење на придобивките од здравиот начин на живот во современото домување. Нашата цел е да подигнеме свест и да адресираме загрижувачки животни прашања од современото домување и живеење преку дискусија, предлози, идеи и иновации.

Интерсофт како соработник и пред сè пријател на CEED Македонија ја иницира можноста сите CEED членови и наши соработници одблизу да го запознаат Сопиште и можностите што ги нуди.

Ве покануваме да земете учество на средбата што ќе се случи на  05-ти јули (четврток)  на локацијата: комплекс Ветрило – oпштина Сопиште, со почеток од 18:00 ч.!

Секој  член на CEED Македонија ја има можноста да го пополни просторот во една од куќите на комплексот.Учеството на секој е добредојдено без надоместок и без обврски, секој учесник сам ги носи производите,  ги поставува, а до секој производ може да постави цена, опис на производот и компанијата.

Можноста за соработка ја промовираме преку присуство и/или учество во презентацијата и запознавање со производите и услугите што секоја компанија има да ги понуди.

Ќе се фокусираме на теми за придобивките од здрав живот во здрава средина, како и за предностите од рационално користење на сите ресурси. Како да дејствуваме локално и да си го подобриме квалитетот на живот на нас самите, а со тоа да влијаеме глобално и да придонесеме за подобро утро за сите нас.

Со подигнувањето на свеста за загрижувачките животни предизвици, преку дискусија, да се стремиме да го подобриме нашето опкружување и да направиме позитивни промени во општеството.

Ове е отворена покана до сите:
– кои сакаат да научат нешто ново
– да се запознаат подлабоко со едно од најактуелните прашања на денешницата кое е од круцијална важност за човештвото
– да го зголемат бројот на клиенти
– да ги најдат нивните идни партнери и соработници

Најважно од сé е дека ова не е обична посета туку посета на целосно уреден дом во кој може да испиете кафе, да се разладите и на право место да ја видите вистинската намена на секој производ кој е поставен во куќата, така што куќата ќе биде целосно опремена, со остварување на нашата цел – доближување на производите до вас, затоа што ние не нудиме квадрати туку нудиме дом…

Од официјалното отворање остануваме уште 4 дена достапни за посета во целосно уреден дом.

ГОВОРНИЦИ:
– Фенг Шуи системи за здраво просперитетно живеење – практична примена на Фенг Шуи ситеми” – Моника Конеска, Feng Shui Architect
– Зелени ѕидови, кровни градини” – Мите Филков, Хорти Експерт МК
– Valeto Smart Home System – Никола Милев, Лекс Електрик

Агенда:
18:00 Пристигнување на настанот и регистрација
18:30 Отварање на настанот
18:35 Фенг Шуи системи за здраво просперитетно живеење – практична примена на Фенг Шуи ситеми – Моника Конеска, Feng Shui Architect
18:42 Зелени ѕидови, кровни градини” – Мите Филков, Хорти Експерт МК
18:50 Valeto Smart Home System” – Никола Милев, Лекс Електрик
19:00 Дискусија
19:10 Посета и разгледување на куќа- објект , комплетно уредена
19:30 Запознајте се со компаниите кои ќе ги презентираат нивните приказни за успешно општествено влијаниe + Коктел забава