Фото: Pixabay

Би било одлично доколку имаме моќ веднаш да препознаеме лага. Сепак, некои луѓе умеат многу вешто да се затскријат зад невистината што не би се посомневале.

Во продолжение неколку знаци што психолозите велат дека ги разоткриваат лажливците.

Нагли/брзи движења на главата

Пред да даде лажен одговор на прашањето, лажливецот обично ја врти главата лево, десно, надоле или нагоре, односно прави брзи движења додека смислува што да каже.

Промена во дишењето

Внимавајте на дишењето. Лажливецот честопати “останува без здив“. Доколку забележите промена во начинот на дишење некој нешто крие.

“Смрзнување“

Покрај движењата, се случува и таканаречено “смрзнување“, односно стоење во место, без тенденција да се промени положбата на телото или изразот на лицето.

Повторување на фрази/зборови

Кога треба да се смисли лажен одговор, лажливецот можно е да повторува одредени фрази или зборови, од проста причина што сака нешто да скрие.

Премногу информации

Исто така, изнесување на низа небитни информации, со цел да скршне од правецот во друга насока, е нешто што неретко покажува дека искреноста затајува.

Допирање на усните

Чувството на срам и несигурност знае да ги “упати“ дланките на оној што лаже кон устата. Па така, доколку некој тоа го прави на сомнителен начин, не верувајте во кажаното.

Влечкање на стапалата

Погледнете ги стапалата на соговорникот. Ако се движат лево десно, влечкаат по подот или едноставно се “нервозни“ голема е веројатноста да зборувате со неискрен човек.

Обвинување на друг

Се случува и појава на агресивно однесување, односно обвинување на некој друг или вас, од причина што лажгото е фатен во тесно и бара начин да се одбрани.

Продорен поглед без трепкање

Студен вкочанет поглед упатува на манипулатор кој по секоја цена сака да ве убеди дека ја кажува вистината. Бидете особено претпазливи од овој тип на лажливци.